🎥 ДРАМА ВО САН ДИЕГО, ТИНЕЈЏЕРИ ОТВОРИЈА ОГАН ВРЗ ИСЛАМСКИ ЦЕНТАР, ПА СЕ САМОУБИЈА Чуварот спречи поголем масакр – ги спаси децата, но се жртвува себе си
Во автомобилот, во кој напаѓачите подоцна си го одзеле животот, биле пронајдени пораки и графити со антиисламска содржина, што укажува дека станува збор за идеолошки мотивиран напад. Во нападот има вкупно пет мртви, вклучувајќи го и Амин Абдула, чувар во Исламскиот центар, кој со својата брза реакција спречил уште поголема трагедија.
Тројца луѓе загинаа, а неколкумина беа повредени во напад со оружје врз Исламскиот центар во Сан Диего, што американските власти го истражуваат како можно злосторство од омраза. Нападот го извршиле двајца тинејџери, кои подоцна биле пронајдени мртви во автомобил, откако си ги одзеле животите.
Според полицијата, драмата започнала во вторникот претпладне, кога мајката на еден од осомничените пријавила исчезнување на својот син, автомобил „Бе-ем-ве Икс1“ (BMW X1) и неколку парчиња оружје, меѓу кои и пушка „Мини-14“ (Mini-14). Нешто помалку од два часа подоцна, полицијата добила пријава за активен стрелец во Исламскиот центар во Сан Диего.

Полициски патроли пристигнале за неколку минути и затекнале хаотична сцена. Напаѓачите, идентификувани како 17-годишниот Кејн Кларк и 18-годишниот Калеб Васкез, биле пронајдени мртви во возило на неколку улици од местото на нападот.
Истражителите соопштија дека во автомобилот и кај осомничените биле пронајдени пораки и графити со антиисламска содржина, што дополнително го засили сомнежот дека станува збор за идеолошки мотивиран напад.
Меѓу жртвите е Амин Абдула, чувар во Исламскиот центар, кој со својата брза реакција спречил уште поголема трагедија. Според сведоштва и полициски извештаи, Абдула успеал да ги заштити децата од училиштето Ал Рашид, кое се наоѓа во рамките на комплексот, овозможувајќи нивна евакуација пред да биде смртно ранет. Градоначалникот на Сан Диего, Тод Глорија, и имамот Таха Хасане ја истакнаа важноста на неговата жртва, нагласувајќи дека неговите постапки спасиле многу животи.

– Тој не размислуваше за себе, туку за децата. Благодарение на него, денес многу семејства не тагуваат – изјавил имамот Таха Хасане.
Градоначалникот на Сан Диего, Тод Глорија, порача дека градот е „скршен од болка“.
– Ова беше напад врз мирот, верата и чувството на безбедност на цела една заедница – рекол Глорија.
Осуда за нападот пристигна и од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, како и од американскиот претседател Доналд Трамп. Организацијата Совет за американско-исламски односи побара засилена безбедност за верските објекти низ земјата.
Федералното истражно биро продолжува да ги анализира комуникациите и онлајн активностите на напаѓачите, со фокус на можни врски со екстремистички групи и форуми што шират говор на омраза.
View this post on Instagram