ЕДНА ГРИЖА ПОМАЛКУ ОВА ЛЕТО Грција го одложи правилото за новите комплети прва помош
Возачите ќе треба да поседуваат нов тип комплет за прва помош, изработен според стандардот DIN 13164:2022 или еквивалентен ISO стандард.
Грција ја одложи примената на правилото за поседување нов комплет за прва помош кој содржи 16 предмети. Сега ваков комплет ќе треба да се има во возилото од 1 јануари следната година.
Претходно беше соопштено дека правилото ќе важи од 18 јуни.
Одложувањето е објавено во грчкиот Службен весник, каде што се наведува дека рокот на примената на законската обврска се поместува за да можат возачите и пазарот полесно да се приспособат.
Возачите ќе треба да поседуваат нов тип комплет за прва помош, изработен според стандардот DIN 13164:2022 или еквивалентен ISO стандард.
Комплетот треба да содржи 16 предмети: изотермална спасувачка прекривка, леплива лента за фиксирање, сет самолепливи фластери во различни големини, мал среден и голем стерилен индивидуален завој, потоа стерилна газа или преврска за изгореници, компреси за рани, тесен и широк еластичен завој, триаголен завој за имобилизација или потпора, ножици, медицински ракавици за еднократна употреба, влажни марамчиња за чистење кожа, како и медицински маски за лице и упатство за прва помош со илустрации.
Како што веќе беше објавено материјалите во комплетот треба да бидат во рок на употреба, во добра состојба и со соодветна ознака.
Казната за возачите кои нема да го поседуваат комплет е 30 евра.
БЕЗ НОВ КОМПЛЕТ ЗА БРЗА ПОМОШ НЕ ТРГНУВАЈТЕ ЗА ГРЦИЈА Непочитувањето на правилото чини 30 евра