КРЛЕЖИ КАЈ ДЕЦАТА Како правилно да отстраните крлеж и да го заштитите детето од убоди?

Сезоната на крлежи е од април до доцна есен, а најактивни се во мај и во јуни. Повеќето од нив не се заразни. Дознајте како да го заштитите вашето дете од убод од крлеж, а доколку дојде до тоа, како правилно да го отстраните и да го намалите ризикот од заразување со вирусот на менингитис што се пренесува преку крлежи.

27

Крлежите се потенцијални носители на заразни болести, па затоа не е лоша идеја да научите како да се заштитите од нив, но исто така и да знаете што да правите кога ќе ги најдете на кожата на вашето дете.

Крлежите се најбројни во пролет и лето, а повремено ни ги носи и раната есен. Ова се периодите од годината кога времето, температурата и влажноста се најсоодветни за нив.






Крлежи кај децата

Областите каде што крлежите најчесто се закачуваат на децата се местата каде што кожата е влажна и мека – стомакот, препоните, пазувите, пределот зад ушите, задниот дел од вратот, градите, па дури и главата. Во моментот кога крлежот ќе ја прободе кожата, тој почнува да се храни со нашата крв. Ова потоа може да доведе до пренесување на инфекции кај луѓето, вклучувајќи Лајмска борелиоза, вирусен менингоенцефалитис пренесен од крлежи, туларемија и ерлихиоза.

Прегледот на кожата по престој во природа и отстранувањето на крлежот кратко време по каснувањето е важен за да се намали можноста за инфекција.

Крлежи кај малите деца

Крлежите кај децата не се невообичаени, особено кај децата кои често играат во тревата или одат на излети во шума. Покрај тоа, крлежот полесно ќе навлезе во кожата на детето бидејќи е помека, почувствителна и повлажна од кожата на возрасен. Телото на детето е најдобрата цел за крлеж бидејќи може да се закачи насекаде.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини