ПОЛНАЧ ЗА МОБИЛЕН ПРЕТВОРИЛ СТАН ВО ПЕКОЛ? Баба, дедо и внуци едвај се спасиле во Нов Белград

Страшен пожар избувнал ноќеска во станбена зграда во Нов Белград, а според првичните сомнежи, огнот го предизвикал полнач за мобилен телефон оставен во штекер. Баба, дедо и нивните внуци успеале да избегаат во последен момент, додека еден стан целосно изгорел.

1

Вистинска драма се одвивала околу 2 часот по полноќ во населбата Нов Белград во главниот град на Србија, кога во станбена зграда избувнал голем пожар што брзо се проширил низ објектот.

Полиијатата и обвинтелството уште го истражуваат случајот. Според сведоци и соседи, постои сомнеж дека пожарот започнал од полнач за мобилен телефон кој бил оставен вклучен во текот на ноќта.






Нема потврда дека оставениот полнач е причината за пожарот.

Српските медиуми пишуваат дека 15 пожарникари речиси 2 часа се бореле со пламенот. Покрај целосно уништениот стан, оштетени биле и неколку соседни станови.

„Сите истрчавме на улица“

Сирени од пожарникари и полиција ја разбудиле целата населба, а густ чад почнал да се шири низ ходниците.

Исплашените станари панично излегувале од зградата.

– Беше страшно. Нѐ разбудија сирени и врева. Кога погледнавме низ прозорецот, видовме огромни пламени како излегуваат од станот – рекол еден од соседите.

Баба, дедо и внуци едвај избегале

Најголема среќа во целата несреќа е што никој не бил повреден. Станарите од опожарениот стан, баба, дедо и нивните внуци, успеале навреме да излезат од домот и да се спасат.

Но, претрпеле силен шок, а станот речиси целосно изгорел.

Поврзани содржини