НЕ ГИ ЗАБОРАВАЈТЕ ЧАДОРИТЕ Цела седмица ќе врне, а на одделни места можно е и невреме

432

Територијата на Македонија во текот на целата оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која ќе се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација и оваа седмица ќе имаме многу променливо и нестабилно време со сончеви периоди. Повремено ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен правец.

Локално атмосферските процеси повторно можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) силен северен ветер (до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.






Ова го предвидува метеопрогнозерот Славчо Поповски чија прогноза може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини