ДЕВОЈКИТЕ ОД ЛЕЛЕК ОСТРО ЈА КОМЕНТИРААТ СИТУАЦИЈАТА СО ПОЕНИТЕ ОД СРПСКОТО ЖИРИ „Среден прст на сè што нè разделува!“

Хрватските претставници споделија фотографии од гласовите на публиката од Хрватска и Србија на својот Инстаграм, заедно со песната од српските претставници, групата Лавина, и испратија силна порака за односот меѓу луѓето и политиката.

92
Евросонг 2026 уште еднаш покажа дека музиката честопати ги зближува луѓето повеќе од политиката, а токму тоа го кажаа членовите на групата Лелек откако гласаа српската и хрватската публика во големото финале.
Одлуката на српското стручно жири да не им додели никакви поени на хрватските претставници на Евровизискиот натпревар, групата Лелек, предизвика бројни реакции низ целиот регион. По оваа ситуација, се огласија и членовите на групата Лелек.
Хрватските претставници споделија фотографии од гласовите на публиката од Хрватска и Србија на својот Инстаграм, заедно со песната „Крај мене“ од српските претставници, групата Лавина, и испратија силна порака за односот меѓу луѓето и политиката.
Објавените фотографии покажуваат дека гледачите од Србија ѝ доделиле на Хрватска максимални 12 поени, додека хрватската публика вратила со ист број поени за Србија.
– Денес уште една лекција и потсетник за сите нас: политиката е она што нè подели и продолжува да нè дели. Луѓето, на свој начин, покажуваат среден прст на сè што нè разделува – напишаа девојките од Лелек.
Поврзани содржини