ПЕЈАЧКАТА БЕБЕ РЕЏА ОД АМЕРИКА СЕ ЗАГРИЖИ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК Протест на албанските студенти во Скопје
За денеска, понеделник, 18 мај, повторно е најавен протест на албанските студенти во Скопје, со барање правосудниот испит да се полага и на албански јазик, како и целосна примена на Законот за употреба на јазиците.
Пејачката Бебе Реџа, која има етничко албанско потекло од Македонија, реагираше по најавата за нов протест на албанските студенти во земјава, кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.
Во објава на Инстаграм, таа порача дека албанските студенти заслужуваат исти права и можности како и сите останати, како и дека албанскиот јазик е длабоко поврзан со националниот идентитет и дека генерации се бореле за негово зачувување.
За денеска, понеделник, 18 мај, повторно е најавен протест на албанските студенти во Скопје, со барање правосудниот испит да се полага и на албански јазик, како и целосна примена на Законот за употреба на јазиците.
Протестот ќе започне во 16:30 часот кај Камениот мост во Скопје.
Поддршка на студентите им дадоа домашни политичари од албанскиот блок, но и од функционери од Албанија и од Косово.