АВИОН ОД ХУРГАДА ПРИНУДНО СЛЕТА ВО БЕЛГРАД Кабината се наполнила со чад

Од аеродромот наведуваат дека станува збор за технички причини и дека кои постапиле според безбедносните протоколи за вакви ситуации.

86

Авион на египетската авиокомпанија Ер Каиро денеска принудно слета на Аеродром Никола Тесла поради технички проблем за време на летот од Хургада кон Минхен. Според информациите на српската агенција Танјуг, авионот слетал во 14:35 часот откако била регистрирана индикација за чад во пилотската кабина.

По слетувањето, патниците мирно и безбедно го напуштиле авионот, а засега нема информации за повредени лица. Од аеродромот наведуваат дека станува збор за технички причини, додека авиокомпанијата дополнително ќе организира продолжување на патувањето на патниците кон Минхен.






Инцидентот предизвикал краткотрајна реакција на аеродромските служби, кои постапиле според безбедносните протоколи за вакви ситуации.

Поврзани содржини