🎥 МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАПАЛИЛЕ ЛЕТНИКОВЕЦ Вандализам во Прак шумата Гази Баба
Случајот во полиција го пријавил граѓанин, кој со помош на уште неколку лица успеал да го изгасне опожарениот дел од летниковецот.
Полицијата трага по две малолетни лица кои во петокот вечерта се обиделе да предизвикаат пожар во Парк шумата Гази Баба.
Случајот во полиција го пријавил граѓанин, кој со помош на уште неколку лица успеал да го изгасне опожарениот дел од летниковецот.
„Денеска (15.05.2026) во 19:47 часот во СВР Скопје А.В. пријавил дека во парк шума Гази Баба од страна на две малолетни лица бил опожарен дел од летниковец. Пожарот е локализиран од страна на граѓани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите“, соопшти МВР.