СЕМЕЈСТВОТО БИТОВ ВО ФОКУС НА „МАКЕДОНИЈА 2025“ Николоски оствари значајни средби
Вицепремиерот Николоски на Самитот „Македонија 2025“ оствари средби со Џон и Јордан Битов, како и со поранешниот канадски министер Марко Мендасино. Во фокусот биле економијата, дигиталните технологии, образованието и улогата на дијаспората во развојот на Македонија.
Заменик претседателот на Владата Александар Николоски оствари значајни средби со Џон и Јордан Битов, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата.
Николоски на својот фејсбук профил објави:
„Прекрасни средби со претставници на Македонија 2025 и нивни блиски соработници. Пријателите на Македонија отсекогаш биле важен столб во поддршкaта и развој на нашата држава.
Во рамки на Самитот ‘Македонија 2025’ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов сопственик на најголемиот дневен весник во Канада ‘Toronto Star’, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата.
Семејството Битов игра водечка улога во нашата дијаспора, заслужни се за многу успеси на Македонија од самостојноста до денес.
Разговаравме за економските политики на Македонија, размена на знаење, употреба на дигитални технологии, поддршка за образованието, здравството и институциите.
Со заедничка работа и партнерство, Македонија може побрзо да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава” објави вицепремиерот.