НА 30 ЈУНИ ЌЕ ЈА ИМАМЕ ПРОСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА Дурмиши информира дека постапката за нејзино донесување е при крај

Министерот за економија информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и, ако е потребно уште нешто, дополнително ќе се додаде.

28

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат – рече денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и, ако е потребно уште нешто, дополнително ќе се додаде. Ако не и ако сите страни се усогласат, тогаш ќе биде објавена и достапна за граѓаните.






Моментно, како што напомена, во фокус е реформската агенда за чие исполнување се ангажирани сите ресурси на Министерството.

 

– По локалните избори, овие месеци макотрпно и посветено работиме на реформската агенда. Сите ресурси што ги имаме во Министерството ги вложуваме во реформската агенда. Потрошувачката просечна кошничка е при крај, некои технички работи треба да се направат. Работните групи веќе работат на исполнување на чекорите, а крајниот рок е 30 јуни. Ја поделивме на сите членови на ЕСС, разгледана е од нивна страна. Критиките и забелешките што ги имаа ги обработуваме. Кога ќе имаме следниот пат седница на ЕСС, по исполнување на чекорите на реформската агенда, ќе се фокусираме на тие забелешки, критики и предлози што ни ги дадоа да ги ставиме во потрошувачката кошничка. Ќе ги ставиме и тие и кошничката ќе биде достапна – објасни министерот.

Поврзани содржини