МАЛОЛЕТНИЦИ KAKO ДА ЖИВЕАТ ВО ДЕВЕТТИОТ КРУГ Тепања, малтретирања, уцени…
12-годишно девојче, бидејќи било под закани, преку мобилна апликација испраќало експлицитни фотографии и видеа на друг малолетник. Нејзината мајка го пријавила случајот.
Билтенот на МВР за денеска (14 мај) изобилува со настани во кои малолетници се жртви или сторители на насилни деликти во и надвор од училиштата.
СВР Тетово поднесе известување против двајца малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. 13.03.2026 во двор на средно училиште во Тетово, пријавените физички го нападнале М.А..
На 13.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(43) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 12.05.2026 околу 09:30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Студеничани, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал и кои го снимиле настанот со мобилен телефон, а потоа го објавиле на социјална мрежа. За настанот е известен јавен обвинител и инспектор за малолетници. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе известување против двајца малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство над дете”. На 06.04.2026 во двор на основно училиште во с.Палатица, пријавените физички нападнале друг малолетник.
На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка, под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.