ДЕМАРШ ОД МНР ЗА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Остра реакција за „северномакедонски“ на Петрова Чамова
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамоваво својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, велат од МНР.
Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија, Жељазко Радуков, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за Плусинфо.
– На средбата му беше упатен устен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северномакедонски партнери“ – велат од МНРнТ.