ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАД 105 ДОЛАРИ Пазарот реагира на изјавата на Трамп дека не го прифаќа одговорот на Иран
Продолженото затворање на Ормускиот теснец сериозно ги наруши глобалните текови на сурова нафта, природен гас и рафинирани горива, предизвикувајќи го она што Меѓународната агенција за енергија го опиша како најголем шок во снабдувањето досега.
Цената на нафтата силно порасна, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предлогот на Иран за прекин на војната е неприфатлив.
Фјучерсите на суровата нафта Брент скокнаат за 4 % на 105,2 долари за барел а американската WTI поскапи за 4,5% на 99,8 долари за барел.
Трамп го отфрли најновиот одговор на Иран на неговиот предлог насочен кон прекин на 10-неделниот конфликт, оставајќи го Ормускиот теснец ефикасно затворен.
Во објава на Truth Social, тој го нарече одговорот на Техеран „ЦЕЛАСНО НЕПРИФАТЛИВ“, поради извештаите дека Иран предложил префрлање на дел од своите залихи на високо збогатен ураниум во трета земја, додека одбива да ја демонтира својата нуклеарна инфраструктура.
Медиуми претходно објавија дека Иран испратил одговор на предлогот на САД за мировни преговори, во кој нагласува потребата од прекин на војната на сите фронтови и укинување на санкциите против Техеран, како и прекин на поморската блокада на Иран и управувањето на Иран со Ормускиот теснец.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека војната со Иран не е завршена бидејќи Израел и САД сè уште сакаат да ги потиснат нуклеарните амбиции на Иран.
Во исто време, беспилотни летала погодија товарен брод во близина на Катар во Персискиот Залив, додека ОАЕ и Кувајт соопштија дека пресретнале непријателски беспилотни летала, зголемувајќи ги стравувањата дека кревкото примирје постигнато на почетокот на април би можело да се распадне.
Продолженото затворање на Ормускиот теснец сериозно ги наруши глобалните текови на сурова нафта, природен гас и рафинирани горива, предизвикувајќи го она што Меѓународната агенција за енергија го опиша како најголем шок во снабдувањето досега.