ИРАН ГО СФАЌА КАКО КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕДЛОГОТ НА ТРАМП На Америка не ѝ се допадна одговорот од Техеран

Планот на Иран повикува на прекин на војната на сите фронтови и наведува дека САД мора да платат воени репарации, пренесуваат државните медиуми.

213

Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран.

Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со раководството на Иран, пренесе ДПА.

Од друга страна, планот на Иран повикува на прекин на војната на сите фронтови и наведува дека САД мора да платат воени репарации, пренесуваат државните медиуми.

Американскиот предлог е отфрлен од раководството во Техеран, наведуваат медиумите.

Претседателот Трамп за американскиот портал Аксиос изјави дека ќе го отфрли „несоодветниот“ одговор на Иран.

– Не ми се допаѓа нивниот одговор – рече Трамп, одбивајќи да даде дополнителни детали за содржината на писмото.

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше иранскиот одговор на неговиот предлог насочен кон завршување на војната како „тотално неприфатлив“, пренесе ДПА.

„Тукушто го прочитав одговорот од таканаречените „претставници“ на Иран. Не ми се допаѓа – ТОТАЛНО НЕПРИФАТЛИВО! Ви благодарам за вниманието за ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша тој синоќа на својата платформа Truth Social.

Тој не даде дополнителни детали за предлогот.

Неколку часа претходно, Трамп, исто така, издаде предупредување до Техеран во посебна објава, велејќи: „Тие повеќе нема да се смеат!“

Трамп не кажа дали САД ќе продолжат со преговорите, пренесе ДПА.

Според иранските државни медиуми, Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормуската Теснина, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот.

Спорот околу нуклеарната програма на Иран не бил дел од одговорот, се наведува во извештаите, пренесено од ДПА.

Неименуван претставник близок до властите во Техеран изјави за иранските медиуми дека незадоволството на Трамп е „пожелно“.

„Преговарачкиот тим мора да носи одлуки исклучиво во согласност со правата на иранскиот народ, а кога Трамп не е задоволен од тоа, природно е дека тоа е подобро“, навел изворот. Тој додал и дека Трамп „генерално не ја прифаќа реалноста“ и дека поради тоа „Иран постојано победува“.

 

Поврзани содржини