ФУДБАЛЕРИТЕ И ЛЕКАРИТЕ ОД КЛУБОТ ТИКВЕШ ПОМОГНАА НА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА Застанале со автобусот и укажале прва помош
Лекарите, физиотерапевтите и дел од фудбалерите реагирале брзо и помогнале во стабилизирање на повредените лица додека пристигнале надлежните служби.
Фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим на ФК Тиквеш покажаа хуманост откако на враќање од натпревар во Скопје застанале да помогнат на повредени лица во сообраќајна несреќа кај клучката во Мирковци, објави ТВ Стар.
Автобусот со кој се враќале играчите по победата над Македонија ЃП запрел кога забележале несреќа на автопатот, по што дел од медицинскиот персонал и членовите на тимот веднаш притрчале да укажат прва помош на настраданите.
Според објавите, лекарите, физиотерапевтите и дел од фудбалерите реагирале брзо и помогнале во стабилизирање на повредените лица додека пристигнале надлежните служби.