ПЕТЕР МАЃАР ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА ЗА ПРЕМИЕР НА УНГАРИЈА Главна задача ќе му е борбата против корупцијата и враќање на замрзнатите пари од ЕУ

Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на годините на власт на поранешниот премиер Виктор Орбан.

31

Петер Маѓар денеска положи заклетва за премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан.

Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на годините на власт на Орбан.

Маѓар влезе во зградата на Парламентот заедно со пратениците на неговата партија, кои сега контролираат 141 место. Алијансата Фидес-КДНП на Орбан доживеа нагло намалување на парламентарната застапеност со 52 места, додека крајно десничарското движење Нашата татковина има 6места.

Маѓар најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ кои се замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и поради корупцијата.

Пратениците денеска ја избраа Агнес Форстхофер од Тиса, за нов претседател на Парламентот.

Поврзани содржини