ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ВОЗРАСТА НА ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Мета мора да ги заштити децата под 13 години

Европската комисија неодамна ја обвини Мета дека не успеала соодветно да ги заштити младите луѓе. Брисел бара од Инстаграм и Фејсбук да обезбедат почитување на минималната возрасна граница од 13 години, заканувајќи се дека ќе изрече високи казни ако не го сторат тоа.

28

Американскиот технолошки гигант Мета објави дека планира да користи вештачка интелигенција за да ја провери возраста на своите корисници, со цел да ги заштити децата под 13 години. Мерката ќе се применува на сите платформи на компанијата, вклучувајќи ги Facebook, Instagram, Threads i WhatsApp.

Како ќе функционира проверката?

Софтверот базиран на вештачка интелигенција ќе анализира не само текстуални податоци од профили, туку и фотографии, коментари и кратки видеа. Компанијата објаснува дека ако софтверот открие, на пример, фотографии од прослава на 11-ти роденден, сметката ќе биде означена како детска, а потоа и избришана.

Сопствениците на отстранетите кориснички сметки ќе можат да ја оспорат одлуката и да ја докажат својата возраст со документи за идентификација.

Мета, исто така, ќе користи вештачка интелигенција за да идентификува тинејџери под 17 години кои лажно се претставуваат како возрасни. Ова ќе го прави со проценка на моделите на однесување, вклучително и сметките што ги следат. Ако се открие лажна возраст, сметката автоматски ќе биде преместена во категорија за тинејџери со соодветни поставки за заштита.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини