🎥 ДАЛИ НАВИСТИНА ВАКА СЕ ПРАВИ ХОТЕЛСКА КАЈГАНА? Што јадете обично за појадок во хотел кога имате шведска маса?
Во видео објавено на Тик-Ток, Тик-токерката Лиз, која објавува на платформата под корисничкото име @elizabeth.emmert, покажа како се подготвува кајгана за шведска маса во бројни хотели.
Многу гости во хотелите со задоволство посегнуваат по топла кајгана на шведските маси, сметајќи ги за безбеден и вкусен избор за почеток на денот. Но, вирално видео кое предизвика лавина реакции на социјалните мрежи во последните денови откри процес на подготовка кој многумина изненади, а многумина и ги згрози.
Тик-токерката Лиз, која објавува на платформата под корисничкото име @elizabeth.emmert, покажа како се подготвува кајгана за шведска маса во бројни хотели. Нејзиното видео брзо стана вирално, а многумина признаа дека после ова следниот пат двапати би размислиле пред да стават порција од својот омилен појадок на чинијата.
Кајгана од кеса
Во видеото, Лиз открива дека смесата од кајгана не се прави со кршење свежи јајца во кујната. Наместо тоа, веќе подготвената смеса доаѓа спакувана во пластични кеси. Потоа се загрева во микробранова печка, а потоа се сечка за да добие изглед на класична кајгана.
– Направете хотелска кајгана со мене! Можеби никогаш повеќе нема да ја посакате после ова – напиша таа покрај видеото.
Оваа сцена предизвика бројни коментари и дискусии меѓу корисниците на социјалните мрежи.
@elizabeth.emmert