ПОТОПИВМЕ 7 БРЗИ ЧАМЦИ, ТОА ИМ ОСТАНА Трамп се фали додека Иран ги напаѓа Емиратите
Погодивме седум мали ирански пловни објекти или, како што тие сакаат да ги нарекуваат 'брзи чамци'. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета по пловните објекти кои поминуваат низ Теснeцот, напиша на социјалните мрежи шефот на САД најавувајќи дека воениот врв ќе одржи прес-конференција.
Американската и иранската војска разменија оган во Ормускиот Теснец, додека тензиите во регионот опасно ескалираат, објави Си-Ен-Ен. Командантот на Централната команда на САД, адмирал Бредли Купер, објави дека американските сили денес „уништиле“ 6 ирански брзи морнарички чамци.
Судирот се случил откако Иран лансирал „повеќе крстосувачки ракети, беспилотни летала и мали чамци“ кон бродови на американската морнарица, како и комерцијални бродови под американска воена заштита. Купер објасни дека иранските бродови биле нападнати од американски хеликоптери AH-64 Apache и SH-60 Seahawk.
Ова е прв напад на Иран откако беше објавено примирје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп се огласи на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ за најновите случувања во Ормускиот Теснец и операцијата „Проект слобода“.
„Иран изврши напади на земји кои не се поврзани со бродови во операцијата ПРОЕКТ СЛОБОДА, вклучително и јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Погодивме седум мали ирански пловни објекти или, како што тие сакаат да ги нарекуваат ‘брзи чамци’. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета по пловните објекти кои поминуваат низ Теснeцот“, објави Трамп.
🚨 UPDATE:
Iran’s fast attack boats are built for speed, swarm tactics, and surprise strikes — a serious challenge any “Project Freedom” operation would have to face at sea pic.twitter.com/GNAWfeOrau— Iran Reports (@IranReportsX) May 4, 2026
Во интервју за Фокс Њуз шефот на САД изјави дека иранските сили ќе бидат „избришани од лицето на Земјата“ ако се обидат да нападнат американски бродови во Теснецот или во Персискиот Залив.
Трамп исто така најави дека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата Ден Кејн утре наутро ќе одржат прес-конференција.
Претходно, Министерството за океани и рибарство на Јужна Кореја соопшти дека јужнокорејски товарен брод закотвен во Ормускиот Теснец беше цел на можен напад што предизвика експлозија.
Товарниот брод ХММ Наму беше закотвен во водите во близина на Обединети Арапски Емирати. На бродот имало вкупно 24 членови на екипажот, од кои шест јужнокорејски државјани и 18 странски државјани. Во инцидентот никој не е повреден.
Ситуацијата дополнително ескалираше кога Обединетите Арапски Емирати објавија дека денес од Иран кон нивна територија биле испукани четири ракети. Министерството за одбрана на Емиратите соопшти дека 3 крстосувачки ракети биле пресретнати, додека четвртата паднала во морето. Жителите биле информирани дека гласните експлозии што се слушнале низ целата земја се резултат на операциите на воздушната одбрана.
Во исто време, пристигнуваа извештаи за сериозни штети на терен во Емиратите. Владината канцеларија во емиратот Фуџаира објави дека дрон погодил нафтен објект таму, предизвикувајќи пожар.
Извор за Си-Ен-Ен вели дека Израел на самиот почеток на војната испратил батерија од противвоздушниот систем „Железна купола“ на Емиратите и дека системот, кој е тајно распореден, денеска пресретнал ракета на Иран лансирана кон Емиратите.
‼️ UPDATE:
Fujairah Oil Industry in UAE under massive fire after Iranian drone strike. pic.twitter.com/R9uUUt7VAj
— Ʌ฿ҮӐŊ (son of Ðaraawiish)🐎🇸🇴 (@RealAbyan) May 4, 2026