ПОНЕДЕЛНИЧКОТО УТРО ЌЕ ДОНЕСЕ МРАЗЕВИ Потоа нагло ќе затопли, доаѓа бран од југ

Максималните дневни температури ќе бидат во интервалот од 11 до 20 степени, додека во Скопје и околината максималната дневна температура ќе достигне околу 19 степени, вели познатиот метеопрогнозер Попоски за денешниот ден.

491

Денеска, недела, 3 Мај 2026 во претпладневните часови ќе имаме повеќе облачност и во западните  и во југозападните предели ќе има локални врнежи од дожд. На планините, на над 1.200/1.300 метри надморска височина ќе има повремен снег.

Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намалува. И во Скопје и околината претпладне ќе има услови за повремен локален дожд. Утрото на 4 мај ќе има минусни температури, но потоа следува затоплување.

Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини