🎥 АНА ГЕЈ, МИЛОШ ГЕЈ, АМА НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ОБРАЌАЊЕ НА „ТИ“ Брнабиќ искара пратеник во српскиот парламент
Сексуалната ориентација нема никаква врска со блискоста или односите меѓу луѓето, му рече претседателката на парламентот на Србија Ана Брнабиќ на пратеникот Милош Парандиловиќ од партијата Ново лице на Србија, упорно ѝ се обраќаше со „ти“.
Во Народното собрание на Србија избувна жестока дебата помеѓу претседателката на парламентот Ана Брнабиќ и пратеникот Милош Парандиловиќ од партијата Ново лице на Србија.
За време на дебатата, Парандиловиќ упорно ѝ се обраќаше на Брнабиќ со „ти“, додека велеше дека, според него, таа не заслужува почит како претседател на парламентот. Поради овој начин на обраќање, тој доби опомена, но и после тоа не го промени тонот на комуникацијата.
Потоа Брнабиќ му одговори споменувајќи ја сексуалната ориентација.
– И да ти кажам, Милош, тоа дека ти и јас сме геј не значи дека можеме да бидеме на „ти“. Дали е во ред? Немој да го правиш тоа – рече таа.
Додаде дека сексуалната ориентација нема никаква врска со блискоста или односите меѓу луѓето.
– Едно е сексуална ориентација, а друго е дали сме пријатели. Овие две работи не се подразбираат едно со друго, како што можете да видите. Затоа да се држиме до „вие“ – рече Брнабиќ.
View this post on Instagram