ЦЕНАТА НА СУРОВАТА НАФТА ПАДНА НА 88 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ Веста дека теснецот Ормуз е отворен ги охрабри берзите

Пред конфликтот, суровата нафта од типот „брент“ се тргуваше за помалку од 70 долари за барел. Од почетокот на војната се искачи на повеќе од 100 долари и достигна врв од 119 долари за барел во март.

225

Цените на нафтата на светските берзи паднаа откако Иран објави дека Ормускиот Tеснец ќе биде целосно отворен за комерцијални бродови во согласност со прекинот на огнот меѓу Израел и Либан.

Цената на барел сурова нафта „брент“ падна на 88 долари за барел, откако претходно беше над 98 долари. Ова е значително намалување од речиси 12% во текот на денот.

Ормускиот Теснец е појас што го поврзува Заливот со Арапското Море, преку кој обично се транспортира една петтина од светската нафта и течен природен гас.

По објавата, како што пишува Би-би-си, тргувањето со акции на глобалните пазари исто така порасна, при што главните американски берзански индекси пораснаа во раното тргување.

Европските акции, пораснаа како реакција на веста. Индексот Cac во Париз и Dax во Франкфурт се искачија за повеќе од два отсто, додека лондонскиот FTSE 100 се зголеми за околу 0,5 проценти.

Пред конфликтот, суровата нафта од типот „брент“ се тргуваше за помалку од 70 долари за барел. Од почетокот на војната се искачи на повеќе од 100 долари и достигна врв од 119 долари за барел во март.

Овој пад на цената е добар сигнал и за домашната економија. Доколку трендот се задржи до понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика прави нови пресметки, може да очекуваме поевтинување на горивата во Македонија.

Поврзани содржини