ТРАМП МУ ЗАБРАНИ НА ИЗРАЕЛ ДА ГО НАПАЃА ЛИБАН Нетанјаху вели, работата не ни е завршена

Либанското Министерство за здравство објави дека најмалку 2.294 лица се убиени, а 7.544 се ранети од почетокот на израелските напади на 2 март, а таа бројка не е конечна, бидејќи има уште настрадани под урнатините.

130

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД му забраниле на Израел понатамошно бомбардирање на Либан, користејќи некарактеристично суров тон кон долгогодишниот сојузник на САД.

„Израел нема повторно да го бомбардира Либан. СЕГА ИМ Е ЗАБРАНЕТО. Што е премногу, премногу е!!!“, објави Трамп на социјалните мрежи.

Тој изјави дека секој договор што САД ќе го постигнат со Иран „во никој случај“ не се однесува на Либан, но дека САД ќе се справат со ситуацијата со Хезболах на соодветен начин.

Нетанјаху: Работата не е завршена

Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „сè уште не ја завршил својата воена мисија против Хезболах“, и дека целта за целосно распуштање на либанското шиитско движење нема да биде постигната во скоро време.

Во видео-порака, Нетанјаху оцени дека израелските операции во Либан донеле „значајни резултати“, наведувајќи дека се елиминирани две главни закани – инфилтрација на борци и голем арсенал ракети насочени кон израелските градови.

Тој тврди дека околу 90 проценти од ракетниот арсенал на Хезболах е уништен, додавајќи дека групата денес е „само сенка“ од својата поранешна сила.

Либан изброи 2.294 мртви и 7.544 ранети

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави дека најмалку 2.294 лица се убиени, а 7.544 се ранети од почетокот на израелските напади на 2 март. Бројот на жртвите нема да биде конечен сè додека не се заврши отстранувањето на урнатините, извлекувањето на телата и идентификацијата со ДНК.

Министерството изјави дека меѓу загинатите има сто болничари и здравствени работници, а дека една четвртина од загинатите се жени, деца и медицински персонал.

Поврзани содржини