ОТФРЛЕНА ТУЖБАТА НА ЗАЕВ ПРОТИВ ПЕТРУШЕВСКИ Струмичкиот суд се прогласи за месно ненадлежен
Или Заев и неговиот адвокат роднина, навистина немаат поим од правото, или сè уште мислат дека Струмица е нивен личен пашалук, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Основниот суд Струмица се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, информира самиот Петрушевски на својот профил на Фејсбук.
„Навидум мала, но за мене голема победа против Зоран Заев. Со решение, Основниот суд Струмица се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од Заев против мене. Или поранешниот премиер и претседател на телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат роднина, навистина немаат поим од правото, или сè уште мислат дека Струмица е нивен личен пашалук, па се обиделе на ваков начин да влијаат врз пресудата.
Како и да е, ваквиот обид на блеферот Заев не помина, а уште помалку успеа во намерата да ме замолчи. Продолжуваме“, нашиша пратеникот Петрушевски.