КАМ ПО ТРЕТ ПАТ ПРОГЛАСЕН ЗА РАБОТОДАВАЧ НА ГОДИНАТА Победи во категоријата маркети

Дополнително, КАМ беше награден и со второ место какко работодавач на годината, во апсолутна категорија помеѓу сите компании. КАМ го задржа и приматот на најголем работодавец меѓу трговските синџири во земјава, со повеќе од 1.500 вработени.

0

Компанијата КАМ освои две значајни признанија на изборот „Работодавач на годината“, што го организира порталот Vrabotuvanje.com.mk, потврдувајќи ја својата силна позиција како еден од најпосакуваните работодавачи во земјава. На годинашниот избор, КАМ го освои првото место во категоријата маркети, и тоа по трет пат, дополнително беше награден и со второ место во апсолутна категорија помеѓу сите компании.

Настанот ги обединува водечките компании, професионалците во секторот човечки ресурси и претставниците на бизнис-заедницата, со цел да се истакнат најдобрите практики и да се постават нови стандарди на пазарот на труд во Македонија. Гласањето е јавно и транспарентно, а интересот оваа година резултираше со над 27.000 гласови од повеќе од 9.000 гласачи, дополнително поткрепени и со реалните податоци за интересот на потенцијалните вработени при објавата на огласите на Vrabotuvanje.com.mk. Годинава изборот опфати 12 категории, со цел да се препознаат и издвојат најдобрите компании во различни индустрии и сектори.

– Особено значајно е признанието „Работодавач на годината“ во категоријата маркети, кое уште еднаш ја потврдува позицијата на КАМ како еден од најпосакуваните работодавачи во малопродажниот сектор. Фактот што оваа награда ја добиваме по трет пат претставува дополнителна потврда за доследноста во градењето организациска култура заснована на доверба, одговорност, развој и грижа за вработените. Второто место во апсолутната категорија помеѓу сите компании во земјата ја позиционира компанијата и пошироко – меѓу најценетите работодавачи во земјава – велат од КАМ.

КАМ го задржа и приматот на најголем работодавец меѓу трговските синџири во земјава, со повеќе од 1.500 вработени, како и репутацијата на работодавач што обезбедува највисока просечна плата меѓу малопродажните ланци, вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој.

Поврзани содржини