МЛАДО СИ Е МЛАДО… Зошто младите компири се поздрави од старите?
Ако јадете кора од органски компири, тоа ќе ви помогне природно да го регулирате крвниот притисок преку неговите минерали – калиум, магнезиум и калциум.
Компирите се омилена култура на Балканот. Тие се присутни во голем број типични балкански рецепти.
Сепак, многумина го сметаат овој зеленчук за нездрава храна. Прашањето за тоа како компирите влијаат на нашата физичка состојба е доста збунувачко. Половина од лекарите-нутриционисти велат „Јадете компири“, а другите „Не јадете компири“.
Сепак, треба да се знае дека со текот на времето нивото на витамини во нив се намалува. Оттука следува дека младите компири се поздрави од старите.