ПОБАРАЛ ПАРИ ЗА „МИРНО РЕШАВАЊЕ“ НА ТЕПАЧКА И ЗАДРЖАЛ 500 ЕВРА Полицаец од Струмица заработи кривична

Полицаец посредувал меѓу учесници во нарушен јавен ред и мир и задржал дел од договорената сума.

370

Полицаец од Струмица е осомничен дека посредувал во случај на нарушен јавен ред и мир и побарал пари за „мирно решавање“, при што задржал дел од сумата за себе.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против полицаец кој работел во Полициска станица Струмица. Пријавата е доставена до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.






Настанот се случил на 11 април 2026 година, кога полицаецот постапувал по пријава за физички напад и нарушен јавен ред и мир. Наместо да ја води постапката, тој посредувал меѓу страните за наводно мирно решавање и побарал исплата на пари.

Според пријавата, учесниците се договориле оштетениот да добие 1.000 евра за да се откаже од пријавата. Полицаецот, како што се наведува, дополнително ја зголемил сумата за уште 200 евра, повикувајќи се на трошоци за постапката. Од вкупно 1.200 евра, на оштетениот му исплатил 700 евра, додека 500 евра ги задржал за себе.

За случајот е поведена постапка, а од судија за претходна постапка му се изречени мерки на претпазливост. Воедно, против него ќе биде покрената и дисциплинска постапка, со мерка отстранување од работното место до нејзиното завршување.

Поврзани содржини