МУ НОСЕЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР ЗА ДА ЈА ПРЕПРОДАВА Пронајдени марихуана и амфетамин, кривична за двајца штипјани

Затвореник од Штип телефонски организирал внесување дрога за продажба зад решетки.

225

Двајца жители на Штип се осомничени дека организирале внесување и продажба на дрога во затвор, откако полицијата кај еден од нив пронашла марихуана, амфетамин и таблети.

Според информациите од СВР Штип, 30-годишник, кој издржувал казна во Казнено-поправна установа Затвор Штип, телефонски организирал жена од Штип да му носи дрога за понатамошна продажба зад решетки.






Полицијата наведува дека планот бил реализиран на почетокот на мај 2025 година, кога дрогата требало да биде внесена во затворот. При извршен преглед кај затвореникот биле пронајдени марихуана, амфетамин и повеќе видови таблети, кои биле одземени.

Против двајцата е поднесена кривична пријава поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Поврзани содржини