НОВИ ПРЕГОВОРИ НА ХОРИЗОНТОТ Пакистан посредува за нова мировна средба меѓу Иран и САД

Дипломати велат дека повеќе земји посредуваат за нова рунда разговори по неуспешните преговори за време на викендот.

226

Пакистан подготвува нов круг преговори меѓу Иран и Соединети Американски Држави, откако разговорите за време на викендот завршија без договор за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток.

Според дипломатски извори, Кина, Египет, Саудиска Арабија и Турција се во контакт со Техеран и Вашингтон, откако предложиле нова рунда разговори во Исламабад оваа седмица. Дипломатите додаваат дека Пекинг го советувал Иран да се согласи на продолжување на преговорите.






Високи американски и ирански претставници за време на викендот одржале разговори на највисоко ниво во последните децении, но не бил дефиниран план за периодот по истекот на двонеделниот прекин на огнот.

По неуспехот на разговорите, Техеран порача дека „никој не очекувал“ договор да биде постигнат во првата рунда преговори.

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, кој ја предводеше американската делегација, ја напуштил земјата во недела наутро, нагласувајќи дека не е постигнат мировен договор. Тој додал дека Вашингтон очекува напредок околу отворањето на Ормускиот Теснец и предупредил дека текот на преговорите може да се промени доколку Техеран не го промени ставот за ова прашање.

Поврзани содржини