ВЕЛИГДЕНСКИ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Затворени улици од 18 часот во Центар, Аеродром и во Ѓорче Петров

Од 18 часот поради Велигден ќе се воведе посебен режим во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

96

Посебен сообраќаен режим ќе важи вечерва во Скопје поради одбележувањето на празникот Воскресение Христово – Велигден.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека од 18 часот, па до завршување на празничните активности, по потреба ќе се затвораат повеќе сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.






Во центарот на градот, по потреба ќе бидат затворени делови од булеварите Партизански одреди, Св. Климент Охридски и улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.

Можно е и пренасочување на автобусите од јавниот превоз. Дел од линиите што минуваат преку мостот Гоце Делчев ќе се движат по булевар Илинден, а потоа преку улицата Франклин Рузвелт ќе се приклучуваат на булеварот Партизански одреди. Автобусите што минуваат низ центарот ќе користат алтернативна траса преку улицата М.Т. Гологанов и Франклин Рузвелт.

Во општина Ѓорче Петров, по потреба ќе биде затворена улицата Македонска војска пред црквата Црква Свети Петар и Павле, додека во општина Аеродром може да биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

Од полицијата најавуваат дека, доколку има потреба, ќе бидат затворани и други улици околу верските објекти и апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

Поврзани содржини