ГЛАВНИТЕ СПОНЗОРИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ФЕСТИВАЛОТ ВО ЛОНДОН ПОРАДИ КАНЈЕ ВЕСТ Американскиот рапер се вади на биполарно растројство

Компаниите „Pepsi“ и „Diageo“ ги откажаа договорите за спонзорство за музички фестивал во Лондон, чиј главен настан требаше да биде настапот на американскиот рапер Канје Вест, познат по своите антисемитски испади.

68

Компаниите за пијалаци „Пепси“ и „Дијаџио“ се повлекоа од своите договори за спонзорство за Музичкиот фестивал „Вајерлес“ во Лондон, чијашто „главна ѕвезда“ е американскиот рапер Канје Вест, познат по своите антисемитски испади.

Хип-хоп ѕвездата, кој сега се претставува под името Је, требаше да одржи три концерти на „Вајерлес“ во јули, како дел од неговата повратничка турнеја низ Европа. Гланоговорникот на „Пепси“ – главниот спонзор на британскиот фестивал, во неделата изјави дека брендот одлучил да го повлече спонзорството на фестивалот „Вајерлес“, без да наведе причина за одлуката.

И британскиот премиер Кир Стармер изрази загриженост за настапите на Вест, а активистите против антисемитизмот ја повикаа Владата да му забрани влез во земјата на американскиот рапер.

– Длабоко загрижувачки е што Канје Вест е резервиран да настапи на „Вајерлес“ и покрај неговите минати антисемитски изјави и глорификација на нацизмот… Антисемитизмот во кој било облик е одвратен и треба цврсто да се справиме со таа појава, изјави претседателот на Владата за весникот „Сан“.

„Дијаџио“, чиешто виски „Џони Вокер“ и румот „Капетан Морган“ требаше да бидат партнерски брендови на фестивалот, исто така го повлече своето спонзорство.

– Ги информиравме организаторите за нашите загрижености и како што стојат работите, ‘Дијаџио’ нема да го спонзорира фестивалот ‘Вајерлес 2026’ – соопшти компанијата.

Британскиот организатор на фестивалот – „Лајв нејшн“ (Live Nation) го објави настапот на Канје Вест на социјалните медиуми минатиот месец, предизвикувајќи критики од еврејските организации и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

И европската турнеја на Вест веќе предизвика контроверзии. Во Франција, градоначалникот на Марсеј рече дека раперот „не е добредојден“ на тамошниот концерт закажан за јуни.

Канје Вест изрази жалење за неговите антисемитски испади, коишто ги припиша на неговото биполарно растројство…

Инаку, во мај 2025 година, тој ја издаде песната „Хајл Хитлер (Heil Hitler)“ за да ја одбележи 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Песната е забранета на сите поголеми стрим-платформи.

Поврзани содржини