НЕМА ДЕН БЕЗ РЕГИСТРИРАНИ СЕМЕЈНИ НАСИЛСТВА Три жени биле нападнати од сопрузите, а еден маж од својот син

МВР соопшти дека работи на расчистување на случаите и дека за насилниците подготвува кривични пријави.

211

Три жени биле нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, а во Штип син го нападнал татко си, информира Министерството за внатрешни работи.

50-годишна жена од Скопско пријавила дека околу 1 часот во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б. Во 1 часот  часот во СВР Скопје, пак, 48-годишна жена од Скопско пријавила дека вчера нејзиниот сопруг Г.П.(52) и се заканувал.






МВР информира дека вчера во 2.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полицајци го уапсиле Д.Г.(26) поради тоа што околу 1:30 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка.

Во Штип, пак, вчера полицијата го уапсила Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди.

МВР соопшти дека работи на расчистување на случаите и дека за насилниците подготвува кривични пријави.

Поврзани содржини