ДРАМА НА НЕБОТО НАД ИРАН „Блек хоук“ можеби погоден при спасувачка мисија
Новинарка на „Newsmax“ тврди дека хеликоптер бил погоден за време на спасување на пилоти од соборен Ф-15.
Американски хеликоптер од типот „UH-60 Black Hawk“ можеби бил погоден од иранската противвоздушна одбрана за време на операција за спасување на пилоти од соборен борбен авион „F-15 Eagle“, објави новинарката на телевизиската мрежа „Newsmax“, Карла Баб.
Според нејзината објава на социјалните мрежи, инцидентот се случил за време на спасувачка операција на територијата на Иран. Таа наведува дека едниот од пилотите бил успешно извлечен, додека судбината на вториот засега останува непозната.
Баб додава дека во текот на акцијата еден од хеликоптерите бил погоден од иранската противвоздушна одбрана, по што, со „трага од чад“, успеал да ја напушти иранската територија и да премине во Ирак.
Информацијата засега не е официјално потврдена од американските власти, а деталите за инцидентот се уште се проверуваат.
📽️ 📷 СОБОРЕН АМЕРИКАНСКИ АВИОН ВО ИРАН Двајцата пилоти ги бараат и Иранците и Американците