📽️ 35 ПОВРЕДЕНИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА Се превртеа двокатни вагони во Русија
Несреќата се случила во регионот Уљановск, а во возот имало 415 патници.
Најмалку 35 лица се повредени откако ноќен воз на линијата меѓу Москва и Чаљабинск излета од шините, при што се превртеле повеќе двокатни вагони. Во моментот на несреќата во композицијата имало 415 патници.
Инцидентот се случил во близина на селото Бријандино, во регионот Уљановск, околу 800 километри источно од Москва. Според првичните информации од локалните служби, повредените се пренесени во околните болници, а на местото на настанот интервенирале спасувачки екипи и медицински тимови.
Причината за несреќата, според првичните податоци, е истрошена подлога на железничката пруга, што довело до излетување на возот и превртување на дел од вагоните. Надлежните институции започнале истрага за утврдување на сите околности.
🚂💥 Update: 7 cars of a Moscow-bound passenger train derailed in the Ulyanovsk region. https://t.co/IOsid9aZIs pic.twitter.com/hI5Ca6LcSs
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) April 3, 2026