МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО МАКЕДОНИЈА ЧИНИ 116,17 ЕВРА На унгарската берза цената е 108,30 евра
Извештајот покажува разлики меѓу регионалните берзи, додека цената на природниот гас се движи околу 50 евра.
Просечната цена на електричната енергија на регионалните берзи останува над 100 евра за мегават-час, покажува најновиот извештај на Energy Delivery Solutions (ЕДС). Според компанијата, на унгарската берза HUPX цената за 3 април 2026 година изнесува 108,30 евра за мегават-час, додека на македонската берза МЕМО достигнува 116,17 евра.
Од ЕДС информираат дека, согласно податоците за движењето на цените, просечната часовна цена на електрична енергија (baseload) на HUPX изнесува 108,30 евра за мегават-час, додека на МЕМО цената е повисока и достигнува 116,17 евра за мегават-час.
Во дневните часови, во периодот од 9 до 15 часот, кога се бележи таканаречениот „power solar peak“, цената на HUPX паднала на 58,56 евра за мегават-час, додека на МЕМО изнесувала 92,68 евра.
Дополнително, индексот „Storage MAX“, кој ја покажува разликата меѓу часовните берзански цени во периодот од 12 до 14 часот и од 18 до 20 часот, достигнал 64,83 евра за мегават-час.
Во извештајот се наведува и дека цената на природниот гас на унгарската берза CEEGEX изнесува 52,23 евра, додека според индексот на холандската берза TTF Dutch цената е 50,08 евра.
Од ЕДС посочуваат дека овие информации, подготвени од нивниот експертски тим, можат да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, оптимизација на сметките за струја, како и носење информирани деловни одлуки за намалување на трошоците и поуспешна реализација на бизнис плановите.