ЈА ЗАКЛУЧИЛ СОПРУГАТА СОСЕ ЧЕТИРИТЕ ДЕЦА ВО ТОАЛЕТОТ, ЈА НАПАДНАЛ, ПА ЈА ИЗБРКАЛ ОД ДОМА Пет пријави за семејно насилство, двајца уапсени

Полицијата во Скопје вчера добила 5 пријави за семејно насилство извршени од сопрузите, во кои жртви се сопруги и деца.

633

Полицијата во Скопје вчера добила 5 пријави за кривичното дело Семејно насилство врз сопруги и деца, извршено од сопрузите. Двајца насилници се уапсени.

„На 2.4.2026 година во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Според пријавеното и нивните 4 малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрени работи.






Полицајци од Полициската станица Кисела Вода вчера попладне во 18:45 часот го уапсија И.А.(35) од Скопје поради тоа што упатувал закани кон неговата 30-годишна сопруга.

„На 2.4.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје 27-годишна жена пријави дека на 1.4.2026 годона нејзиниот сопруг М.Д.(32), со кого биле разделени, упатувал закани кон неа и кон нејзиниот татко. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Вчера наутро во 6:30 часот во Скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Т.(49), по претходна пријава дека на 1.4.2026 околу 23:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга.

„Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти полицијата.

Петтата пријава за семејно насилство е од 30-годишна жена, која во СВР Скопје пријавила дека во периодот од 8.6.2025 година до 20.3.2026 година нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните 2 малолетни деца додека биле на видување кај него.

Поврзани содржини