ЛОВЏИЈА ОД ПРОБИШТИПСКО ПРЕНЕСЕН НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ СО ПРОСТРЕЛНА РАНА Според семејството, самиот се ранил додека ја чистел пушката

Извршени се службени разговори со таткото и со братот на повредениот, по чие кажување М.Н. по чие кажување ловџијата самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето, соопшти полицијата.

112

Ловџија од пробиштипско вчера се здобил со прострелна рана, а според семејството, самиот се ранил при чистење на пушката.

„На 2.4.2026 година околу 16 часот Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип пријавила во Полициската станица Пробиштип дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од село Добрево, пробиштипско, со прострелна рана. Извршен е увид и службени разговори со таткото и со братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на место викано Чукар, атар на село Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето“, соопшти полицијата.






Повредениот М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

„Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

 

Поврзани содржини