ПИЈАН ТАТКО ТРГНАЛ КОН СИНОТ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Сосед спречил трагедија во Пробиштипско
Полицијата утврдила дека 61-годишниот маж бил под дејство на алкохол. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Сосед спречил 61-годишен маж да го нападне својот син со остар предмет пред семејната куќа во пробиштипско село.
Инцидентот се случил на 12 август околу 18.30 часот. Според пријавеното, О.Н. се обидел да го нападне синот, но соседот интервенирал и го спречил.
Половина час подоцна, околу 19 часот, полицијата го лишила од слобода 61-годишниот жител на Пробиштип.
При преземањето на мерките, полициските службеници утврдиле дека мажот бил под дејство на алкохол. Му биле измерени 1,17 промили алкохол во крвта.
О.Н. бил задржан во полициска станица. Полицијата најави дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.