📽️ ДАРКО ДИМИТРОВ СВЕДОЧИ ЗА ПОЖАРОТ НА ХАЛКИДИКИ „Ни рекоа да се евакуираме, но по патиштата е гужва“
Македонскиот композитор и музички продуцент се наоѓа во Сивири, во близина на големиот пожар на Касандра. Тој вели дека огнот сè уште не стигнал до местото, но дека туристите добиле наредба за евакуација.
Македонскиот композитор и музички продуцент Дарко Димитров се наоѓа во Сивири, каде што туристите добиле наредба да се евакуираат поради големиот пожар на Халкидики.
Димитров за порталот Црнобело раскажа дека огнот сè уште не стигнал до самото место. Сепак, пожарот е блиску, а евакуацијата создала големи гужви на патиштата.
– Ни рекоа да се евакуираме, ама гужва е по патиштата. Пожарот сè уште не е стигнат баш во местото Сивири, но блиску е. Го гасат со повеќе авиони и хеликоптери – изјави Димитров.
Жителите и туристите во областа добиле предупредувачки пораки на мобилните телефони. Според упатствата, треба да го напуштат подрачјето и да се движат кон Мола Каливи.
View this post on Instagram
Силен ветер дува на повеќе места на првиот крак на Халкидики. Морето е разбранувано, а условите дополнително ја отежнуваат борбата со огнот.
View this post on Instagram
Снимки од Касандра покажуваат голем столб црн чад. Се гледаат и противпожарни авиони кои земаат вода од морето.
Според информациите во доставениот материјал, на терен се 122 пожарникари со 41 противпожарно возило. Од воздух интервенираат девет авиони и три хеликоптери.
Пожарот сè уште не е ставен под контрола.