ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОТПИС ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВАЖИ И ВО ЦРНА ГОРА Андоновски најави дека наскоро ќе се потпише договор меѓу двете земји
Тој додаде дека овој договор ќе значи големо олеснување за бизнис-соработката меѓу компаниите од двете земји.
Mинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека наскоро ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија што ќе значи големо олеснување за бизнис-соработката меѓу компаниите од двете земји.
Тој рече дека тоа е договорено со претседателот на Црна Гора.
– Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на Самитот за сајбер-безбедност во Париз, е потпишувањето договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи на Црна Гора и Македонија – реле Андоновски.
Тој додаде дека овој договор ќе значи големо олеснување за бизнис-соработката меѓу компаниите од двете земји.
– Ова значи дека секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора, а истото ќе важи и обратно — секој електронски потпис издаден во Црна Гора ќе биде целосно валиден во Македонија. Сметаме дека на овој начин ќе ја олесниме комуникацијата меѓу двете држави и ќе придонесеме за подобрување на економските односи – рече Андоновски.