ИЛИНДЕНСКА ВО НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА Ќе има улична трка

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

79

Во недела (05.04.2026) поради улична трка во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Со почеток во 10 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булеварот Илинден пред фонтаната „Лотус“ (старт и цел) право долж булеварот Илинден до крстосница со булеварот 8 Септември каде се врти полукружно назад по булеварот Илинден до целта – фонтаната „Лотус“.






Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани содржини