ЌЕ ДУВА ВЕТЕР И ЌЕ ВРНЕ ДОЖД Наутро студено, попладне до 16 степени

Променливо облачно со повремени врнежи и температури од 0 до 16 степени, додека за викендот се најавува постепено затоплување.

127

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекуваат низ земјава, додека на повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег со послаб интензитет, информира Управа за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од околу 0 степени во Маврово до 7 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 6 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 6 до 14 степени.

Во сабота се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец, кој на места ќе надмине 70 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 0 до 8 степени, а дневните од 11 до 18 степени.

Во недела се очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, при што утринските температури ќе бидат од -1 до 8 степени, а дневните од 14 до 21 степен.

Поврзани содржини