📽️ БАЛКАНОТ ЗБОРУВА ЗА ХЕРОЈОТ БЕЗ НАМЕТКА Без размислување влезе во студената вода за да спаси срна
Храбар жител на Братунац скокна во надојдената река Крижевица и спаси срна, а видеото од спасувањето предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Храброста понекогаш се покажува во најнеочекувани моменти. Тоа го докажа Јован Илиќ од Братунац, кој скокна во надојдената река Крижевица за да спаси срна што ја носела силната струја.
Драматично видео кое се прошири на социјалните мрежи предизвика бројни реакции низ Балканот. На снимката се гледа како младата срна беспомошно се бори со надојдената вода, додека силната струја ја повлекува надолу по реката.
Во момент кога изгледало дека животното нема спас, Илиќ влегол во студената вода и се упатил кон срната. Тој успеал да ја фати и да ја извлече на безбедно, по што животното легнало на тревата, видно исцрпено, но спасено.
Видеото предизвика лавина позитивни коментари, а корисниците на социјалните мрежи ја поздравија неговата храброст и хуманост. Многумина истакнаа дека ваквите постапки ја враќаат вербата во луѓето и покажуваат дека вистинските херои постојат.