ПРЕМИЕРОТ БАРА ЈАСНИ РОКОВИ И КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ Мицкоски на состанок за реформската агенда

Премиерот Христијан Мицкоски на состанок за реформската агенда истакна потребата од јасни рокови и конкретни резултати за унапредување на институциите и приближување кон европските стандарди.

586

Тековниот напредок во спроведувањето на реформите и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда. На средбата учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни, а информацијата беше споделена од премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

„Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот и приближување кон европските стандарди“, напиша Мицкоски.






Средбата беше посветена на евалуација на напредокот досега, идентификување на предизвиците и планирање на следните чекори за ефикасна реализација на реформите, со што се очекува институциите да функционираат подобро и да обезбедат резултати кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните.

Поврзани содржини