АВСТРИЈА ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО Виена ги одби барањата од САД за воени прелети

Австрија ги одби барањата за воени прелети, повикувајќи се на својата неутралност, додека и Швајцарија донесе слична одлука.

282

Австрија одбила сите барања на САД за воени прелети над својата територија од почетокот на судирите на Блискиот Исток, повикувајќи се на својата неутралност. Ова го соопшти портпаролот на австриското Министерство за одбрана, Михаел Бауер.

– Имаше барања и ние ги одбивме од самиот почеток. За секој прелет мора да се поднесе барање и секогаш кога станува збор за земја во војна, тоа се одбива, во овој случај во координација со Министерството за надворешни работи – изјави Бауер.






Австрија ја нагласува својата неутрална позиција, која ја одржува уште од 1955 година. Земјата географски се наоѓа меѓу повеќе членки на НАТО, но останува надвор од воените сојузи.

Во меѓувреме, слична одлука донесе и Швајцарија, која во средината на март соопшти дека, повикувајќи се на своето право на неутралност, одбила да дозволи користење на својот воздушен простор за воени цели.

Поврзани содржини