ОДЗЕЛ „ПЕЖО“, ПА НАПАДНАЛ ЖЕНА И Ѝ ГО УКРАЛ КУЧЕТО Приведен лажен полицаец во Штип
Осомничениот лажно се претставил како полицаец, одзел службено возило, а потоа физички нападнал жена и ѝ го одзел кучето.
Штипјанец се претставувал како полицаец, одзел автомобил, а потоа нападнал жена и ѝ го зел кучето. Поради овие настани, полицијата поднесе кривична пријава против 45-годишниот Б.Х.Ј.
Според информациите од СВР Штип, осомничениот на улицата Рибник сопрел автомобил „пежо“ во сопственост на правно лице, лажно претставувајќи се како полициски службеник. Откако го убедил возачот, го презел возилото и заминал.
Подоцна истиот ден, на улицата Сутјеска, додека го управувал одземениот автомобил, застанал до жена, физички ја нападнал и ѝ го одзел кучето.
Против него е поднесена кривична пријава за лажно претставување, одземање моторно возило и тешка кражба на дрзок начин.