ВОЗАЧ ВО НЕГОТИНО ИЗГАЗИЛ ДОМАШНО КУЧЕ И ПОБЕГНАЛ Кучето и сопствениците ја поминувале улицата
Мајката и ќерката со нивното куче се движеле по улицата Маршал Тито во Неготино и се обиделе да ја преминат.
Возач усмртил куче, домашен миленик, кое поминувало улица, заедно со сопствениците – 33-годишна кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка. Случајот во неготинската полиција го пријавила кавадарчанката, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 15:10 часот во ОВР – Неготино, 33-годишната В.М. од Кавадарци пријавила дека, додека се движеле по улица Маршал Тито во Неготино заедно со нејзината малолетна ќерка и нивното куче и се обиделе да ја преминат улицата, патничко возило удрило во кучето и го усмртило, по што заминало од местото, соопштија од СВР – Велес. Полицијата додава дека трага по сторителот.