ТРАМП МНОГУ СЕ РАСПРИКАЖАЛ Макрон бесен поради изјавите дека бил „тепан од сопругата Брижит“

Трамп многу зборува, вели Макрон и оценува дека коментарите дека бил злоупотребуван од својата сопруга не се ниту елегантни ниту соодветни.

909

Францускиот претседател Емануел Макрон ги отфрли коментарите на американскиот претседател кој изјави дека Макрон бил лошо третиран од неговата сопруга Брижит и дека едвај се опоравил од ударот во вилицата.

Макрон пред новинарите порача дека Трамп многу зборува и дека таквите изјави дури и не заслужуваат одговор.






– Тие коментари не се ниту елегантни, ниту соодветни – изјави тој.

Во мај 2025 година снимка од Макрон и Брижит како слегуваат од авион кој слета во Индонезија стана хит. На снимката беше фатен инцидент. Пред да слезе по скалите кон Макрон беше подадена рака во форма на тупаница. Остана нејасно што се случило во авионот.

 

Токму на таа снимка мислеше Трамп со изјавата дека Макрон едвај се опоравил од ударот.

Претседателката на парламентот на Франција Јаел Брон-Пиве остро ги критикуваше изјавите на Трамп:

– Во моментов зборуваме за иднината на светот. Нешто се случува во Иран што има последици за милиони луѓе, а имаме претседател кој се смее и им се потсмева на другите – рече таа.

Пратеникот Мануел Бомпар исто така реагираше:

 

– Доналд Трамп да зборува за него (Макрон) и неговата сопруга на тој начин, тоа е апсолутно неприфатливо за мене – изјави Бомпар.

Американскитот претседател Доналд Трамп овие коментари ги даде за време на неодамнешно обраќање, кога зборуваше за одбивањето на Франција да испрати бродови во операција поврзана со Ормускиот теснец.

Според него, Макрон одбил да помогне и рекол дека Франција може да испрати сили „кога ќе биде добиена војната“.

Макрон, пак, претходно изјави дека Франција „не била консултирана“ за конфликтот со Иран и дека „не учествува“ во него.

Повеќе европски земји го затворија своето небо за авиони на САД и Израел кои се упатени на мисии во Иран. Од Вашингтон стигнуваат пораки дека САД ќе го преиспитаат членството во НАТО поради овие блокади. Европските лидери, пак, по иницијатива на британскиот премие Кир Стармер се спремат да се состанат на самит за ситуацијата во Ормускиот Теснец.

Поврзани содржини