Науката не манипулира, таа образува
Ако дозволиме да влезат финансиски гиганти кои имаат јасна визија за индустриски развој на Македонија, денес немаше да разговараме на темата шестотини евра минимална плата туку на повисок износ, немаше да стравуваме за земјоделието и цената на ѓубривото и ќе субвенциониравме во зелена транзиција во која главниот збор го има бакарот.
Неколку научни податоци за следниве три елементи арсен, злато и бакар, а кои како такви се користат во зелената транзиција за која толку се залагаме.
Бакарот е еден од најклучните метали во борбата против глобалното затоплување! Тој е неопходен на соларни панели, ветерни турбини и електрични возила. Зелените технологии користат и до неколку пати повеќе бакар од традиционалните енергетски системи. Благодарение на бакарот енергијата се пренесува поефикасно, со помали загуби и помал јаглероден отпечаток. Без бакар нема можности за зелена транзиција.
За Арсенот во Македонија мора да се знае дека е создаден мит преку кој се плашат нашите сограѓани дека е само смртоносен отров. Напротив тој се користи во следниве модерни технологии: високо ефикасни соларни панели, вселенска технологија, соединението галиум-арсенид е клучно за брзи електронски уреди, технологијата го користи во многу строги контролирани услови.
Повеќе од 3000 години пред нашата ера Египќаните биле први кои започнале масовно ископување со цел да го користат златото. Тие не го користеле само за накит, туку ги украсувале храмовите, гробниците и религиозните премети. Златото за нив било симбол на вечноста и божественоста. Најстариот предмет на Балканот кој бил обработуван е пронајден во Бугарија, кај Варна старо 6600 години.
Подолг временски период правам компарации на две стартегии каде се опфатени критични, стратешки и ретки метали, со посебен акцент на обоени и благородни метали. Едната стратегија е за потребите на Европската Унија каде прецизно се знае каде, колку, кога и како да вложуваат во нови рудни предизвици. Со решавањето на истите кои би ја намалиле зависноста од овие метали кон трети земји. За разлика од самата Европска Унија, која не обрнува хумано внимание и функционира на девизата „ние сме поевтини и поконкурентни со квалитет од вас“ и без никакви социјални, синдикални и еколошки стандарди ги произведуваат истите и стануваат сериозна закана по фискалната економија на сите нас кои живееме на територијата на континентот Европа.
И нормално другата стратегија е онаа која ја создаде новоизбраниот академик г-дин Блажо Боев, поранешен ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и професор на Факултетот за рударство, геологија и политехника – Штип. Наставните области на проф.д-р Боев се геологија, петрологија, минералогија, геохемија и геохемија на средината.
Нашиот документ се вика Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини во Македонија во период 2025-2045 година.
За тоа колку е сериозна стратегијата, ве молам прочитајте го уште еднаш нејзиниот наслов, а јас во кратки црти ќе ве наведам да размислувате. Јас тврдам дека со именуваниот имаме дијаметрално спротивни пристапи во нашето образование.
Јас учев од научници докажани на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) кои ни дадоа основно образование дека мора да научиш и да знаеш каде да читаш соодветна литература, да научиш да прашуваш и да слушаш што ќе ти одговорат и да си ја сакаш и почитуваш сопствената држава.
Впрочем, многумина кои работат надвор од „тешката“ индустрија и се сериозни интелектуалци во нивните сфери на интерес секогаш ми поставувале едно многу суштинско прашање во неколку збора: Зошто нашето злато и бакар мора да се изнесува надвор од нашите граници и истото подоцна не се враќа во Македонија?
Основни правила во делот на индустријализацијата. Поради политички популизам првенствено не сакаме да прифатиме што имаме под нозете во самата земја. Не си го почитуваме образовниот систем кој знае да го даде вистинскиот одговор на оваа тема.
Напомена: Во одговорот мора да се вклучат и макроекономистите кои знаат како да направат баланс помеѓу стратешките странски инвеститори и како да ги наплатат од нив своите финансиски комплетни побарувања.
За тоа дали можеме сами да инвестираме во рудници како што се Плавица и Иловица-Штука, одговорот е следен: Србија има државен рудник Бор кој е задолжен повеќе децении за 1,2 милијарди евра од партиски кадри кои ги интересираат финансиски манипулативни егзибиции.
Македонија во овој момент иако има скапо платена стратегија, одговорот на акдемикот во првата верзија е дека соодветен рудник бил само за бакар. На мојата јавна медиумска реакција во втората верзија веќе наметнува дека во концентратот кој го копа Бучим имало и злато и сребро. Првата верзија не е напишана по грешка.
Науката за проверка на концентрат, а мене ме научија моите професори од металургија (екстрактивна и преработувачка) дека нашиот драг професор г-дин Александар Димитров кога бил декан на ТМФ издејствувал посебен уред кој се вика „Атомец“ и истиот може да се употребува на секој излезен камион од било кој рудник за метал и да утврди какви сѐ елементи поседуваме. Затоа постојат правилници со строго утврдена процедура која вели вака: Потребни се две лабаратории, на два различни докажани универзитета кои своите резултати ќе ги споделат со државата, која ќе знае дека мора да го употреби новото правило.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини г-ѓа Сања Божиновска воведе четири проценти рудна рента која ќе оди директно за развој на општините каде се наоѓат рудниците, ама која ќе се наплаќа од метал и тоа на актуелна цена на продажба и од сума предвидена за рударската рента десет проценти ќе одат за развој на животната средина.
Подолг временски период тврдам дека ако државата ја слуша науката и вложува во неа, но и преку инвеститори кои би стипендирале нови кадри на сите полиња во нивните геолошко рударско- металургиски субјекти, Македонија ќе се стабилизира на многу полиња.
Ако дозволиме да влезат финансиски гиганти кои имаат јасна визија за индустриски развој на Македонија, денес немаше да разговараме на темата шестотини евра минимална плата туку на повисок износ, немаше да стравуваме за земјоделието и цената на ѓубривото и ќе субвенциониравме во зелена транзиција во која главниот збор го има бакарот.
За тоа кој забранува влез на странски инвеститори од западната цивилизација на која одлучивме да ѝ припаднеме, во следната колумна.